Не познавам некој кој не сака да патува, но најчесто нашите дестинации од соништата ги оставаме во некои незапишани агенди, за некогаш, кога ќе има време, кога ќе има пари.

Моите патувања претходно беа долги мејлови или линкови во пораки или раскажување на кафе/пиво со пријателите за да им раскажам што треба да видат некаде каде што сум била претходно, да им препорачам сместување или која е најдобрата врска за превоз. Нека биде и мотивација за оние кои едноставно ги мрзи за да го направат она за кое сонуваат, бидејќи ретко кога слушам разумен изговор да не се направи тоа.

Сакам овој блог да помогне за „моите патувања“ да станат и ваши патувања. Патувања на кои може да отидете во сопствена режија, со мал буџет, со евтини авио компании, со врски кон соседите за автобуси и возови и без она наше цмиздрење за тоа дали собата ви гледа во ѕид или во море. Доволно е да знаете да пребарувате, да разбирате англиски и да прочитате тука по некој охрабрувачки совет :)

Зошто не патувам преку агенција? Агенциите неколку пати до сега ме имаат разочарано со нивната неодговорност (откажување на пат во последен момент, и сл). Затоа што, патувањето е многу повеќе од сместување во хотел со 4 ѕвезди со "all-inclusive" уплата и излежување на плажа (кое мене, сепак, ми е една од омилените активности). Самото патување е крајното задоволство на вашиот труд и желба да направите чекор кон отворање на вашите видици.

Затоа што ако дозволите да се изгубите, можеби навистина ќе се пронајдете себеси.



Текстови и интервјуа:


Sandra’s Travel Map
Sandra has been to: United Arab Emirates, Albania, Austria, Bosnia and Herzegovina, Belgium, Bulgaria, SwitzerlandCuba, Czech Republic, Germany, Spain, France, United Kingdom, Greece, Croatia, Hungary, Italy, Montenegro, Macedonia, Norway, Poland, Portugal, Serbia, Sweden, Slovenia, Slovakia, Kosovo.

3 comments: Leave Your Comments

  1. Прекрасен, испиративен блог со одлични фотографии!
    Поздрав и продолжи така!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Фала ти многу! Го разгледав твојот и се чудам како не сум налетала на него до сега, браво за фотографиите, одлични! :)

      Delete
  2. Ах, фала ти и на тебе!! Прилично сум нова во блогосветот, се уште учам, барам, гледам ... :) а фотографијата, со неа се дружам уште одамна, но, конечно решив да најдам место каде што може да ја споделам и со други.

    Епа, се дружиме со блоговите, баш ми е мило! :)

    ReplyDelete

.